World News in Macedonian

Болтон најави максимален притисок врз Иран

Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп „ќе го притисне“ Иран со максимален економски притисок, како одговор на „малигното“ однесување на Техеран на Блискиот Исток и ширум светот.


Болтон ги даде забелешките во денешно интервју за РСЕ, откако во Ереван се сретна со ерменскиот премиер Никол Пашинијан.


„Како што му објаснив на премиерот, ние сакаме да направиме максимален притисок врз Иран, бидејќи не се откажува од трката за нуклеарно оружје“, изјави Болтон за ерменскиот сервис на РСЕ.


„Тој (Иран) останува централен банкар на меѓународниот тероризам. И ние сме загрижени за програмите за балистички ракети и нивните активни конвенционални воени операции во Сирија, Ирак и на други места“, вели Болтон.


Болтон рече дека Вашингтон не сака да им направи штета на неговите пријатели во процесот за проширување на санкциите против Иран, кој дели граница со Ерменија.

Читайте на сайте