World News in Macedonian

Џафери очекува иницијатива за формирање на Комисијата за помирување

Идејата за формирање на најавената комисија за помирување е во контекст на подготвеноста на мнозинството во Собранието да се има општо помирување во односите помеѓу политичките партии застапени во Парламентот и пошироко и таа произлегува од самите пратеници, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери. 


„Иницијаторите досега не се обратиле до мене да се изјаснат во однос на основната идеја и замислата. Нивна беше волјата јас да го водам тоа тело“, рече Џафери кој присуствуваше на промоцијата на студија за регулативата за употребата на јазиците во Македонија.


Џафери потврди дека на вчерашната координација во Собранието била водена општа дебата со претпоставки како би изгледало и што би се работело во оваа комисија и во тој контекст го спомена кодексот за однесување на пратениците.


„Очекувам иницијаторите на оваа комисија да иницираат соодветна средба и да ја објаснат идејата“, рече Џафери.

Читайте на сайте