World News in Macedonian

Откриена ќелија на ИД која планирала напади во Москва

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) открила ќелија на Исламска држава (ИД), која планирала да изврши големи терористички напади во Москва.


„Шест членови на тајна ќелија, која е поврзана со меѓународната терористичка организација Исламска држава, се уапсени во московски регион. Со ќелијата управувале претставници со седиште во Сирија, а со потекло од Централна Азија“, соопшти Федерална служба за безбедност.


Од ФСБ информираат дека притворените планирале да извршат големи терористички напади во Москва, „користејќи огнено оружје и импровизирани експлозивни направи.

Читайте на сайте