Парламентарни избори во Кандахар
Во јужната авганистанска провинција Кандахар денеска се одржуваат парламентарни избори. Тие се одржуваат една недела по гласањето во 32 од 34 провинции во земјата. До одложувањето дојде поради убиството на шефот на полицијата во Каднахар генералот Абдул Разик кој беше убиен од Талибанци два дена пред националните избори.
Убиството на Разик предизвика несигурност во земјата па илјадници војници беа испратени на гласачките места за да осигураат безбедност за гласачите. На денешните избори право на глас имаат повеќе од 550 000 гласачи, а полициски извори велат дека не е исклучена можноста од нови напади од Талибанците.