World News in Macedonian

Ердоган, Путин, Меркел и Макрон во Истанбул на самит за Сирија

Лидерите на Турција, Русија, Франција и Германија денеска се среќаваат во Истанбул, на самит на кој се дискутира за безбедносни и политички прашања поврзани со Сирија. Тие се среќаваат со надеж дека ќе најдат одржливо решение за седум годишната граѓанска војна во Сирија во која загинаа околу 400 000 луѓе, а милиони се раселени.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им е домаќин на рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и на францускиот претседател Емануел Макрон. Тие се очекува да зборуваат и за задржувањето на прекинот на огнот во северозападната сириска провинција Идлиб. Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател вчера рече дека основната цел на самитот е да се дефинираат чекорите за политичко решение на кризата.

Читайте на сайте