World News in Macedonian

Неуспешен обид на приватна кинеска компанија да лансира ракета

Првиот обид на приватната кинеска компанија Лендспејс да лансира ракета во вселена не успеа, соопшти компанијата чие седиште е во Пекинг. Од таму наведуваат дека првата и втората фаза на одвојување на ракетата се одвивале нормално, но дека нешто тргнало погрешно во третата фаза. На снимката објавена на еден кинески портал се гледа ракетата долга 19 метри како полетува на ведро време. Кинеските медими јавуваат дека ракетата носела сателит за државната телевизија.

Читайте на сайте