World News in Macedonian

Закинтос се поместил за три сантиметри по земјотресот

Грчкиот остров Закинтос се поместил за најмалку три сантиметри кон југозапад по силниот земјотрес од 6,4 степени во петокот. Тоа е заклучено врз основа на дигитална обработка и анализи на снимки од сателитот на ЕУ и ЕСА Сентинел-1 на сервисот Коперникус, изјави за грчката агенција АНА, директорот на секторот за истражување на Институтот за геодинамика во Атинската национална опсерваторија, Атанасиос Ганас. Поместувањето е претежно воочено на хоризонтално ниво додека вертикално поместување не е регистрирано. Ганас додаде дека научниците моментно анализираат дали земјотресот предизвикал поместувања и во околни области.


 

Читайте на сайте