World News in Macedonian

Пентагон испраќа над 5.000 војници на границата со Мексико

Американското министерство за одбрана соопшти дека ќе испрати над 5.000 војници да ја „засцврстат“ јужната граница против мигрантскиот караван кој се движи низ Мексико. Генерал Терен О’ Шонеси им изјави на новинарите дека на границата веќе се наоѓале околу осумстотини војници и оти тие ќе останат таму до крајот на неделата. На границата со Мексико има и околу 2.000 припадници на Националната гарда. Карванот со мигранти извесно време полека се движи од Централна Америка кон север, но бројот мигранти почна да опаѓа.

Читайте на сайте