World News in Macedonian

Шекеринска - Скандирањата на воената парада во Солун не се во духот на пријателство

Скандирањата на воената парада во Солун против Договорот од Преспа не се во духот на пријателство и создавањето добрососедски односи, оцени вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање по денешната промоција на новите професионални војници во скопската касарна „Илинден“.


Таа посочи дека од моментот кога е потпишан договорот, и во Грција и во Македонија постојат групи на луѓе, поединци, организирани групи кои се противат на новиот дух што, како што рече, сакаме да го наметнеме во регионот.


Грчките медиуми објавија дека на завчерашната воена парада во Солун, грчките војници скандирале против Македонија и против Договорот од Преспа. Парадата се одржува по повод сеќавањето на денот кога Грција влегла во борбата против фашизмот во Втората светска војна. Како што објавија грчките медиуми, одредени членови на воените единици извикувале „Македонија е грчка“, додека поминувале покрај ВИП ложата, каде биле сместени претседателот на Грција и други делегации.

Читайте на сайте