Османи: изборните реформи ќе бидат имплементирани за претседателските избори
Изборните реформи се едни од клучните предизвици за наредниот период и имплементацијата на сите претходни препораки на ОБСЕ/ОДИХР, особено во пресрет на претседателските избори на пролет, се наш приоритет, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на средбата со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која.
Османи посочи и на останатите реформи кои ѝ претстојат на земјата во пресрет на новиот извештај на Европсакта комисија во април следната година.
На средбата, како што соопшти СЕП, соговорниците се осврнале и на поддршката и помошта која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја обезбедува за Македонија во насока на исполнување на реформите и во останатите области како што се судството, медиумите, граѓанскиот сектори.