Уапсени две лица во Грција кои организирале превоз за мигранти
Во два одвоени случаи грчката полиција уапсила две лица кои со комбиња имале намера илегално од Грција да изнесат вкупно 31 мигрант.
Според извештаите на грчките медиуми двата случаи биле откриени во поширокиот регион на Кукуш, а мигрантите требало илегално да излезат од Грција и да влезат во Македонија.
Грчката полиција соопшти дека во првиот случај 20-годишен странски државјанин, откако ги забележал полицајците од Тимот за превенција и борба против криминалот, ја зголемил брзината и со опасни маневри се обидел да побегне, но бил фатен и уапсен, а возилото имало 18 странци, кои требало да бидат пренесени до границата.
Во вториот случај, целта на криумчарот била идентична, со комбе до границата да пренесе 13 странски државјани, за да им олесни нелегален излез од земјата.
Двајцата уапсени ќе бидат изнесени пред јавен обвинител во Кукуш, додека пак грчката полиција ги конфискуваше нивните возила.