Состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, прв по серијата оставки
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува состанок по серијата оставки на партиските функционери кои си ги поднесоа поради, како што наведоа, несогласување со актуелното раководство предводено од претседателот Христијан Мицкоски.
Оставка на претседателската функција во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе Даниела Рангелова, а потоа и нејзините први соработнички – Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска.
Денеска оставка поднесе и Лука Кржалоски, претседател на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ. По овој негов чин, оставки вечерва поднесоа и претседатели на неколку општински организации на УМС.
На вечерашниов состанок на највисокото тело на партијата му претходел состанок на Извршниот комитет на УМС.