World News in Macedonian

Заев попладнево на средба со новата пратеничка група за уставните амандмани

Премиерот Зоран Заев попладнево во 16:30 часот во Собранието ќе се сретне со Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на која ќе се разговара за нацрт-амандманите на Уставот што Владата до утре треба да ги достави до Собранието, како и за формирањето координативно тело за помирување. На првата консултативна средба, што се одржа во понеделникот, беше разговарано за сите четири точки од барањето на пратениците од опозицијата, кои го поддржаа отпочнувањето на процесот за измена на Уставот.

Читайте на сайте