World News in Macedonian

Меркел може да соработува со секој што ќе ја наследи

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека може добро да соработува со сите потенцијални наследници на местото лидер на нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ), па дури и со некогашниот ривал, кој по една деценија сака да се врати во прв план.


Таа исто така наведе дека ЦДУ е посветена на проблематичната коалиција со социјалдемократите.


Меркел пред една недела објави дека по 18 години ќе го напушти челното место во партијата, но оти сака да остане канцеларка до крајот на мандатот.


За лидерската позиција во ЦДУ веројатно ќе се борат тројца кандидати – генералната секретарка на партијата Анегрет Крамп-Каренбауер, министерот за здравство Јенс Спан и поранешниот шеф на пратеничката група на ЦДУ, Фридрих Мерц.


Меркел во 2002 година го смени Мерц од фунцкијата и многумина се сомневаат дека тие може да соработуваат. Меркел сепак вели дека „несомнено може да соработува со Мерц, како и со секој друг кандидат“.

Читайте на сайте