World News in Macedonian

Косово ги зголеми таксите за увоз на производи од Србија

Косовската Влада на денешната седница донесе одлука да воведе дополнителни 10 отсто на таксите за производите кои се увезуваат од Србија, соопшти косовскиот премиер Рамуш Харадинај и додаде дека од денеска па натаму во Косово ќе се донесуваат одлуки во врска со однесувањето на Србија без за нив да се расправа во Брисел.


„Дел од ЕУ смета дека се треба да оди на маса со Србија, и за либерализацијата на визите и за војската мислат дека треба да се стават на маса, меѓутоа Србија има непријателски однос. А, кон земјите кои имаат непријателско однесување следуваат санкции. И ние така ќе дејствуваме. Процесите ќе се драматизираат, но измени на косовскиот Устав нема да има“, изјави Харадинај.

Читайте на сайте