World News in Macedonian

Кејт Мери Бирнс номинирана за нов амбасадор на САД во Македонија

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ја номинираше Кејт Мери Бирнс за иден амбасадор во Македонија. Таа е дипломат од кариера, а во моментов е заменик шеф на мисија во амбасадата на САД во Грција.


Претходно, таа била заменик шеф на мисијата и заменик постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена. Во својата кариера таа работела во американската амбасада во Мадрид, Шпанија, потоа била на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел. Бирнс зборува шпански, унгарски и турски јазик.


Веста за нејзиното номинирање е објавена на официјалната страница на Белата куќа, а на својот профил на социјалната мрежа Твитер, ја сподели и актуелниот американски амбасадор во Македонија Џес Бејли. Тој беше потврден како Амбасадор на САД во Македонија од страна на Сенатот во декември 2014 година. Во земјава дојде од позицијатавршител на должноста амбасадор во Амбасадата на САД во Анкара каде пристигна во јули 2011 како заменик амбасадор.

Читайте на сайте