World News in Macedonian

Груевски се уште недостапен

Како што неофицијално се дознава судските служби се уште не му го доставиле решението на поранешниот премиер Никола Груевски, откако вчера попладне Кривичниот совет ја потврди одлуката за неодложување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.


Веднаш штом ќе го добие решението , Никола Груевски ќе мора да се пријави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО., односно за набавката на луксузниот мерцедес од 580.000 евра, бидејќи во спротивно ќе биде спроведен со полиција.


Инаку во понеделник, поранешниот премиер Груевски  треба да се јави на рочиште за случајот „Титаник“.


 


 


 


 

Читайте на сайте