World News in Macedonian

Полицијата се обидува да го најде Груевски

Полицијата вечерва го бара поранешниот премиер Никола Груевски откако доби известување од Основниот суд Скопје 1 дека судски доставувач не може да го пронајде да му врачи решение веднаш да се упати во затвор.


Полицајци и новинарски екипи беа пред зградата во која живее Груевски, но никој не им ја отвори вратата од станот. Дел од новинарските екипи се пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ откако во медиумите се појавија шпекулации дека Груевски се крие таму.


Во моментот кога полицијата ќе го најде, тој присилно ќе биде спроведен во затворот Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Читайте на сайте