Тачи: состанокот со Путин огромен чекор на косовската дипломатија
Претседателот на Косово Хашим Тачи оцени дека неговата вчерашна средба во Париз со рускиот претседател Владимир Путин е огромен чекор на косовската дипломатија. „Ова е прва таква средба меѓу Косово и Русија на такво ниво. Исклучително е важен рускиот став дека ако се постигне спогодба меѓу Косово и Србија, Москва ќе го повлече ветото во Советот за безбденост за зачленување на Косово во ОН“, изјави Тачи во интервју за приштинската телевизија Клан Косова. Тој додаде дека во текот на состанокот со Путин не станло збор за конкретни прашања, туку за општите аспекти и можностите за промена на ставот на Русија спрема Косово.