World News in Macedonian

Вељаноски му наредил на обезбедувањето да му ја чува фотелјата на 27 април

На 27 април минатата година, нешто по 18 часот, кога заврши седницата, тогашниот претседавач со собраниската седница Трајко Вељаноски му испраќа СМС на шефот на неговото обезбедување Горан Ѓошевски со содржина „кажи им да влезат двајца внатре и да не им дозволат да седнат на моето место“. Овие пораки, кои се дел од вештачењето на телефонот на Трајко Вељаноски, денеска беа претставени како докази на судењето за насилствата на 27 април. Вештачењето на мобилниот телефон на тогашниот собраниски спикер Трајко Вељаноски се однесува на СМС и вибер комуникацијата во периодот февруари – мај 2017 година. Вељаноски не е меѓу обвинетите за насилствата.


На денешното рочиште се прикажуваат СМС и вибер пораки меѓу обвинетите на „крвавиот четврток“.


Во судница се присутни сите 32 обвинети, освен обвинетиот Сашко Марковски за кого постапката беше одвоена.


Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Читайте на сайте