World News in Macedonian

Хрватскиот суд бара еден милиони евра да го пушти газдата на Агрокор од притвор

Хрватскиот суд наложи гаранција во износ од околу милион евра за да го пушти основачот на задолжената хрватска компанија „Агрокор“, Ивица Тодориќ да се брани од слобода. Окружниот суд во Загреб денеска објави дека Ивица Тодориќ треба да го врати пасошот, како и дека нема да може да патува надвор од главниот град, ако биде ослободен со кауција. Тодориќ е обвинет за лошо управување со производителот на храна „Агрокор“ и за проневера на милиони евра. Тој беше уапсен во Лондон пред една година врз основа на европски налог за апсење, а пред неколку дена беше екстрадиран во Хрватска. Тодориќ тврди дека е невин. „Агрокор“ имаше удел од 15 отсто од БДП на Хрватска.

Читайте на сайте