World News in Macedonian

Во Грција престојуваат над 74.000 баратели на азил

Во Грција во моментов престојуваат над 74.000 баратели на азил, соопштија грчките власти, наведувајќи дека прават напори за подобрување на условите во мигрантските центри на островите. Во последните месеци околу 6 илјади лица од центрите на островите се преместени во внатрешноста на земјата, изјави грчкиот министер за миграциска политика Димитрис Вицас.


Тој рече дека состојбата во центрите е тешка, дека во нив се сместени околу 20.000 лица, а оти инфраструктурата е предвидена за 10.000 лица. Во текот на оваа година во Грција нелегално влегле околу 42.000 мигранти, од кои 14.000 од границата на Турција.

Читайте на сайте