World News in Macedonian

Средба на Иванов со кралот Абдула во Јордан

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Аман беше примен со највисоки државни и воени почести од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори Ибн Ал Хусеин, во рамки на неговата официјална посета на Јордан.


На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, станало збор за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Јордан, а беа разгледани можностите за нивно продлабочување во повеќе области од заеднички интерес.


 Јорданскиот крал Абдула Втори на средбата со претседателот Иванов рекол дека политичките односи со Македонија се добри односи, дека исто така на разузнавачко ниво, и на воено ниво двете земји имаат oдредена соработка.


Во рамки на посетата на Јордан, претседателот Иванов ќе оствари средби со премиерот на Кралството Јордан Омар Разар, со претседателот на Сенатот Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом Атеф Таравнех, како и со членовите на Претставничкиот дом.

Читайте на сайте