World News in Macedonian

МНР упати протестна нота до Унгарија

Македонското министерство за надворешни работи упати протестна нота до Унгарија, а по повод последните информации поврзани со бегството на Никола Груевски и неговото барање за азил во Унгарија.


Од МНР соопштија дека протестната нота ја примил амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс од страна на државниот секретар Виктор Димовски.


Во соопштението до јавноста се наведува дека државниот секретар Димовски изразил надеж дека Унгарија во случајов ќе постапи во духот на добрите билатерални односи и на европските вредности и принципи поврзани со владеење на правото и во тој контекст веднаш и без одлагање ќе го отфрли барањето за добивање на азилантски статус на осуденикот и бегалец од правдата Никола Груевски и истиот ќе го предаде на Република Македонија, заради извршување на изречената казна затвор, како и продолжување и завршување на останатите судски постапки против него.

Читайте на сайте