World News in Macedonian

Во Македонија за прв пат ќе се користат животни како заштита од штетници во земјоделието

Владата на последната седница усвоила нов Закон за фитофармација, предложен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, според кој за прв пат во Македонија се дозволува да се употребуваат живи организми во борба против штетници и болести во земјоделието.


„За првпат се дозволува законска употреба на живи организми во борба со болести и штетници, како што се инсекти и други животни кои се хранат со штетниците на растенијата, а при тоа не ја загрозуваат животната средина. Се регулира и се дава можност за употреба на овие живи организми на т.н минорни култури, како магдонос, аспарагус, морков, лук. За овие култури досега не постоеше соодветна заштита од болести и штетници, поради што земјоделските производители трпеа огромни штети“, соопштија од Министерството за земјоделство и шумарство.

Читайте на сайте