World News in Macedonian

ЕК нема наделжност за екстрадиција на Груевски

Европската Комисија нема надлежност да интервенира околу можната екстрадиција на експремиерот Никола Груевски, вели за МИА портпарол на Европската Комисија, Кристијан Виганд. Од него било побарано појаснување околу тоа дали барањето за екстрадиција од страна на Македонија се коси со одобрувањето азил од страна на унгарските власти.


„Одлуките за екстрадиција се надлежност на властите на земјите членки, ова значи дека кога барање за екстрадиција се испраќа до земја членка, тоа е индивидуален случај кој се третира од страна на назначената надлежна власт. Европската Комисија нема никаква надлежност да интервенира и затоа нема да ги коментира овие случаи“, изјавил Виганд.


 

Читайте на сайте