World News in Macedonian

ВМРО ДПМНЕ најавува анти владини протести, првиот е во среда

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница одлучил во наредниот период да организира антивладини протести.


Како што се наведува во соопштението повод за протестите,  е тоа што ВМРО-ДПМНЕ, смета оти државата од СДСМ се води во целосно погрешна насока и дека таа  тоне во сиромаштија, криминал и корупција.


Од партијата соопштија дека првиот протест се планира за среда, 28.11.2018 година, на  една година, како што стои во соопштението од „најцрниот и најмонструозно конструиран процес“ во кој што пратеници, заедно со уметници, актери, режисери и оперски пејачи се апсеа и приведуваа за измислен тероризам.


Протестот ќе започне во 17 часот со место на тргнување од Плоштад ВМРО и ќе заврши пред владата на Република Македонија.


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера одлучил да објави и јавен повик за кандидирање на членови на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

Читайте на сайте