World News in Macedonian

Маж со нож упадна во дворот на Амбасадата на Србија во Атина

Маж  вооружен со нож, успел да влезе денеска во дворот на Амбасадата на Србија во Атина.


Српскиот амбасадор во Грција, Душан Спасојевиќ, рече дека никој не бил повреденпо упадот.


"Никој од вработените во Амбасадата или членовите на нивните семејства не е повреден, а и напаѓачот не е повреден", изјави Спасојевиќ за агенциите.


Тој рече дека маж, вооружен со два ножа, утринава  пред 9 часот, влегол во зградата на амбасадата и дека сè уште не е познато како тој го сторил тоа. "Претпоставуваме дека тој насила влегол преку металната врата на конзуларниот оддел и потоа исчезнал во зградата на амбасадата", рече српскиот амбасадор.


Спасојевиќ додаде дека полицијата веднаш реагирала и го поразила напаѓачот три часа по влегувањето во зградата.


Агенцииите  известува дека мажот кој влегол во Амбасадата е српски државјанин.


 

Читайте на сайте