World News in Macedonian

Претседателските избори во Украина на 31 март

Украина официјално ги закажа претседателските избори за 31 март 2019 година. Претседателот на парламентот Андриј Парубиј денеска го потпиша указот за изборите.


Претседателот Петро Порошенко претходно вети дека прогласувањето воена состојба од 30 дена во 10 региони во земјата нема да значи одложување на изборите.


Воена состојба беше прогласена во крајбрежните и во регионите што се граничат со Русија или со молдавската област Придњестровје, која е поддржана од Москва. До ова дојде откако Русија заплени три украински брода и зароби дваесетина морнари кај Кримскиот Полуостров, под обвинение дека ја нарушиле руската граница. Украина го негира тоа.


Критичарите шпекулираа дека Порошенко, на кого, според анкетите, му претстои тешка битка за реизбор, ќе се обиде да ги одложи изборите.

Читайте на сайте