World News in Macedonian

Петмина работници затрупани при уривање на бетонски ѕид на градилиште во Турција

Петмина работници се затрупани под остатоците од бетонски ѕид, што се урнал денеска при изградбата на надвозник на автопат близу градот Гебзе, во северозападниот турски округ Коџаели. Како што јави Си-Ен-Ен Турк, ѕидот се урнал од висина од 30 метри, повлекувајќи ги со себе петтемина работници. На местото на инцидентот пристигнале амбулантни и противпожарни возила, а спасувачките тимови работат на пронаоѓање на затрупаните работници.

Читайте на сайте