World News in Macedonian

Путин ја обвини Украина за инцидентот кај Крим

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Киев за неодамнешната конфронтација во Црното Море во близина на Крим, тврдејќи дека украинскиот претседател Петро Порошенко се обидува да си го зголеми рејтингот во пресрет на претседателските избори во Украина, закажани за 31 март 2019 година.


Путин ова го кажа денеска на Рускиот бизнис форум, три дена по инцидентот кој ги зголеми тензиите меѓу Москва и Киев.


Рускиот претседател ги повтори тврдењата на Москва дека трите украински воени бродови, кои беа запленети, нелегално влегле во руските територијални води, што Киев го негира. Истовремено додека ја обвинува Украина, тој ја релативизира сериозноста, велејќи дека се работи за обичен граничен инцидент, и го оцени украинското прогласување воена состојба како претерано.


Претходно, Путин рече дека се надева дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на Самитот Г20 во Аргентина оваа недела. Трамп фрли сомнеж брз плановите за средба. Во изјава за Вашингтон пост, тој рече дека може нема да се сретне со Путин, поради конфронтациите меѓу Русија и Украина.

Читайте на сайте