World News in Macedonian

Бугари уапсени кај Сицилија со 11 тони хашиш

Италијанската полиција на една јахта во близина на бреговите на Сицилија заплени 11 тони хашиш, при што се приведени двете лица што се наоѓале бродот, кои биле бугарски државјани. Полицијата дејствувала по добиени оперативни информации од Шпанија. Јахтата била пресретната во реонот на Рагуза, по што била однесена во пристаништето Поцало, каде бил извршен детален претрес и откриена дрогата. Полицијата претпоставува дека хашишот бил натоварен на 19-метарската јахта во Мароко и требало да биде пренесен до Либија.


 

Читайте на сайте