World News in Macedonian

Мијалков на прво судење по притворот

Девет дена откако беше притворен поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков денеска прв пат беше донесен од истражниорт затвор во судот на рочиште за „Трезор“.


Пред и за време на рочиштето за нелегалната набавка на опрема за прислушување за УБК пред судот имаше униформирани специјалци.


СЈО побара притвор за Мијалков врз основа на оперативни сознанија дека се подготвувал за бегство, но и допис на Управата за финансиско разузнување дека поседува над 11 милиони евра на две туѓи сметки.


Мијалков беше притворен на 20 ноември, една недела откако избега во Унгарија неговиот братучед, експремиерот Никола Груевски и доби политички азил од тамошните власти.

Читайте на сайте