World News in Macedonian

ОН го повика Иран да ги ослободи бранителите на правата на жените

Експерти за човекови права на Обединетите нации го повикаа Иран да ги ослободи бранителите на човековите права и адвокатите кои беа затворени за јавна поддршка на протестите против задолжителниот хиџаб во Иран.


„Ја повикуваме Владата веднаш да ги ослободи сите кои беа затворени за промовирање и заштита на човековите права“, соопштија експертите.


Тие велат дека особено се загрижени поради „критичното здравје“ на Фархад Мејсами, лекар кој беше уапсен во јули за поддршка на жените кои протестираа против законот за хиџаб кои ги принудува на јавно место да ја покриваат косата и телото.


Мејсеми наводно во август започнал штрјк со глад во знак на протест поради обвиненијата со кои се соочува, како поради неможноста да добие адвокат по негов избор. Тој наводно се наѓа во клиника во затворот Евин во Техеран.

Читайте на сайте