World News in Macedonian

Во Албанија веќе нема да се увезуваат автомобили постари од 10 години

Во Албанија од утре стапува во сила забраната за увоз на автомобили постари од десет години, всушност ќе биде дозволен увоз на возила кои исполнуваат стандард „Евро четири“.


За камиони и автобуси, дозволената старост на производство ќе изнесува 15 години. Постои простор за возила од историски интерес и колекционерство, за кои е дозволен увоз, доколку се произведени пред 1970 година.


Денис Шабани, Директор на Царинската испостава во пристанишниот град Драч, од каде во најголем број влегуваат увезените возила, изјави дека по донесувањето на владината одлука многу е зголемен увозот на стари возила.

Читайте на сайте