World News in Macedonian

ЕУ пред изборите ја засилува борбата против руските лажни вести

Европската комисија во пресрет на европските избори побара интернет компаниите Гугл, Фејсбук и Твитер да поднесуваат месечни извештаи за напредокот во искоренувањето на „лажните вести“ со потекло од Русија.


Официјалните претставници од ЕУ денеска ги претставија мерките во рамки на акцискиот план за борба против дезинформирањето пред изборите за Европскиот парламент во мај следната година.


Претставниците на Европската комисија рекоа дека ќе воведат „брз систем за алармирање“, дека ќе го зголемат буџетот, персоналот и алатките за обработка на податоците со цел да помогнат во борбата против лажните вести.


Гугл, Фејсбук, Твитер и Мозила во септември доброволно потпишаа правилник за однесување во борбата против дезинфомирањето.

Читайте на сайте