World News in Macedonian

Најави од ЕУ за санкции врз девет лица за изборите во источна Украина

Европската унија се очекува да додаде девет лица на листата на санкции, кои наводно се вклучени во организацијата на минатомесечните избори во областите под контрлола на сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина, според извори од Брисел.


Амбасадорите на блокот денеска се согласија за овој потег, велат за РСЕ неколку извори од ЕУ кои се запознаени со ова прашање, но не можеа да го откријат идентитетот.


Изворите велат дека првично се очекувало само пет лица да бидат додадени на листата, но неколку земји предводени од Полска побарале на листата да бидат вклучени уште четири лица.


Министрите за надворешни работи на блокот треба да се согласат на овој потег на средбата во Брисел на почетокот на следната година.


Деветте лица ќе се приклучат на останатите 155 од Русија и Украина, на кои моментално им е замрзнат имотот во ЕУ и имаат забрани за патување.

Читайте на сайте