World News in Macedonian

Бугарија нема да се приклучи на Глобалниот договор за миграција

Бугарската Влада соопшти дека нема да се приклучи кон Договорот за миграција и нема да учествува на конференција за негово усвојување на 10 и 11 март во Маракеш.


„Владата одлучи да се воздржи од пристапување кон Глобалниот договор за безбедни, уредени и регулирани миграции“, се вели во соопштението на бугарската Влада. 


Во соопштението се додава дека Софија нема да испрати официјални претставници на меѓувладината конференција за ова прашање во Мароко.


Бугарија веќе постави жичана ограда долж границата со Турција, од каде доаѓаат мигрантите.


 

Читайте на сайте