World News in Macedonian

Синот на Гадафи бара помош од Путин

Сејф ел Ислам Гадафи, синот на некогашниот либиски лидер, Моамер Гадафи, ја повика Русија да го поддржи планот за разрешување на либиското прашање, пренесоа светските новински агенции, повикувајќи се на информациите на ТВ „Ал Арабија“.


Телевизијата објавила извештај, повикувајќи се на наводите на Сејф ел Ислам, кој минатата недела ја посети Русија предводејќи делегација од Либија. Агенцијата напоменува дека во моментов во Либија постојат две влади. Владата на Национално единство (ГНА) на чие чело е Фајел ал Сарај, со седиште е во Триполи, а кабинетот на другата влада се наоѓа на истокот во земјата и ужива подддршка од Националната армија на Либија која ја предводи генерал маршал, Халиф Хафтар.

Читайте на сайте