World News in Macedonian

Вечерва отворање на новогодишна населба на плоштадот во Скопје

Град Скопје за вечерва најави отворање на новогодишната населба Винтерленд на плоштадот Македонија.


„Во новогодишната населба со украсени куќички има катчиња за игра и смеа, како и мала сцена на која ќе се организираат настани што ќе го привлечат интересот на посетителите, без разлика на возраста. Ќе има и топ за вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во населбата ќе има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. За вљубениците во зимските спортови, пак, во населбата ќе биде поставено и лизгалиште на мраз“, соопшти Град Скопје.


Во централниот дел на новогодишната населба Винтерленд е поставена елк.  Просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички.


Осветлувањето на елката вечерва го придружува настап на средношколскиот хор составен од 120 ученици од девет средни училишта на Град Скопје

Читайте на сайте