World News in Macedonian

Трет ден мировни преговори во Јемен

Претставниците на завојуваните страни во Јемен се среќаваат денеска во Стокхолм, трет ден по ред, на преговорите кои имаат за цел да се стави крај на четиригодишната катастрофална граѓанска војна во земјата. Бунтовниците Хути и меѓународно признаената Влада, која има поддршка од коалицијата предводена од Саудиска Арабија, тврдат дека се залагаат за мир. Според делегацијата на Хутите, преговорите се поделени на пет главни делови, вклучувајќи дијалог за рамка за политичко решение на конфликтот и обновување на работата на аеродромот во главниот град Сана за да може да се доставува хуманитарна помош.

Читайте на сайте