World News in Macedonian

Црна Гора го отвори претпоследното поглавје во преговорите со ЕУ

Црна Гора денеска во Брисел го отвори поглавјето 27 од преговорите со ЕУ, посветено на животната средина и климатските промени. Со тоа на земјата и останува само уште едно неотворено поглавје.


„Ова поглавје 27 е од најголема важност за сегашните и идните генерации и е поврзано за здравјето и квалитетот на живот, како и сo развојот на туризмот и на зелената економија во Црна Гора“, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан,


Црногроскиот министер за надворешни работи, Срѓан Дармановиќ потести дека Уставот на Црна Гора ја дефинира земјата како „еколошка“.




 

Читайте на сайте