„Убавицата и ѕверот“ на Театарот за деца и младинци - македонско културно наследство
Во Театарот за деца и младинци во Скопје, оваа среда, на 12 декември, ќе се случи 350-та изведба на „Убавицата и ѕверот“, рекордно најмногу играната претстава во Република Македонија која цели 20 години е на редовниот репертоар на театарот и ја виделе 40 илјади посетители.