World News in Macedonian

Еден загинат и неколку повредени во пукотници во Стразбур

Eдно лице загинало, а седум се повредени во пукотница во близина на божиќен пазар во францускиот град Стразбур, соопшти француската полиција. Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач е во бегство.


Францускиот министер за внатрешни работи побара од жителите да останат во своите домови. Тој преку Твитер наведе дека имало пукање во центарот на Стразбур и побара луѓето да останат дома сè додека ситуацијата не се разјасни.


Европскиот парламент со седиште во Стразбур заседавал за време на нападот, па останале блокирани пратениците, персонал и новинари, кои не можеле да ја напуштат зградата, оти бил активиран итен протокол. За ситуацијата е информиран и францускиот претседател Емануел Макрон, кој го испратил во Стразбур министерот за внатрешни работи, соопшти канцеларијата на францускиот претседател.

Читайте на сайте