World News in Macedonian

Полицијата ги истражува причините за пожарот во домот на новинарот во Белград

Министерството за внатрешни работи на Србија интезивно работи на утврдување на причините за пожарот во куќата на новинарот Милан Јовановиќ на периферијата на Белград, се вели во соопштението на МВР.


Непознати лица синоќа околу три часот и 30 минути го запалија домот на новинарот на порталот „Жиг инфо“ од Гроцка, Милан Јовановиќ.


Тој за порталот „Цензоловка“ истакна дека непознати лица во текот на ноќта фрлиле Молотов коктел врз неговиот дом, а потоа почнале да пукаат врз влезната врата, за да не може да излезе. Тој наведе дека е убеден дека причината за нападот е поради неговите текстови.


"Нема да престанам да пишувам за крадците и за мафијата, па нека ме убијат", наведе Јовановиќ.


Тој наведе дека и двапати преку писмо се ги известил претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и министерката за правда Нели Кубуровиќ за притисоците врз него.

Читайте на сайте