World News in Macedonian

Најмалку деветмина загинати во железничката несреќа во Турција

Смртниот биланс од денешната железничка несреќа во Турција се искачи на девет луѓе, а 47 се повредени. Тројца од повредените се во критична состојба. Меѓу загинатите е и машиновозачот. Брзиот воз, кој сообраќал од Анкара кон централната провинција Конва, удрил во локомотива која служи за инспекција на пругата. При несреќата, која се случи во 6.30 часот по локално време, два вагони од возот излетале од шините, јави Анадолија. Министерството за транспорт и инфраструктура соопшти дека локомотивата, која извршувала инспекција на пругата, не требало да се наоѓа таму во моментот на несреќата. Анкарското обвинителство отвори истрага за случајот.

Читайте на сайте