World News in Macedonian

Во Приштина одржана свечена церемонија за формирање на косовската војска

По усвојувањето во косовското Собрание на законите со кои досегашните Безбедносни сили (ФСК) практично се трансформираат во Војска на Косово, во касараната на ФСК „Адем Јашари“ вечерва се одржа церемонија во организација на ФСК и Владата на Косово, јави МИА од Приштина.


Покрај највисоките претставници на ФСК, на прославата учествуваа највисоките државни раководители на Косово – претседателот на Републиката Хашим Тачи, претседателот на Собранието Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај.


Тие им го честитаа формирањето на косовска војска на припадниците на ФСК и на граѓаните на Косово и порачаа дека ова е еден од најзначајните датуми во историјата на косовската држава.

Читайте на сайте