World News in Macedonian

Вучиќ ќе оди на седницата на Советот за безбедност да ја кажел вистината

Претседателот на Србија Александар Вучиќ рече дека ќе оди на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации без разлика дали таа ќе биде отворена за јавноста за да ја кажел вистината. Во интервјуто за телевизијата Прва тој рече дека ќе им ја кажел вистината за тоа колку труд вложиле за да дојдат до компромис, но како што рече спротиставната страна не го сакала тоа.


Тој, како што пренесуваат српските медиуми, рекол и дека не е фасциниран од резолуцијата која ја усвои косовското собрание за продолжување на дијалогот со Србија оценувајќи дека со неа Приштина во суштина сакала да ја затвори вратата за секаков дијалог со Белград.


Косовското собрание синоќа усвои резолуција за продолжување на дијалогот со која меѓудругото се предвидува формирање нова државна делегација за дијалог со Србија. Руската агенција Тас пак вчера јави дека Советот за безбедност на ОН ќе се состане в понеделник да расправа за случувања во Косово.

Читайте на сайте