World News in Macedonian

Кандидатот поддржан од Кремљ води на изборите во рускиот Далечен исток

Кандидатот за гувернер на рускиот регионот Приморје кој е поддржан од Кремљ води на повторените локални избори чии резултати претходно беа поништени поради нерегуларности. Според резултатите од повеќе од една третина преброени гласови Руската изборна комисија соопшти дека актуелниот гувернер Олег Кознемајко води со добиени 60 отсто поддршка од гласачите во регионот кој се наоѓа во рускиот Далечен исток. Денешните избори се трет обид да се избере гувернер откако изборната комисија на 20 септември ги поништи резултатите и од втората рунда гласање, наведувајќи дека имало сериозни прекршувања.

Читайте на сайте