World News in Macedonian

Ципрас и Мицотакис го осудија бомбашкиот напад врз ТВ Скај

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во писмена изјава, а лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис со посета на телевизијата, го осудија денешниот бомбашки напад врз телевизијата Скај. Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот премиер во писмена изјава оцени дека бомбашки напад од кукавички и мрачни сили е напад врз самата демократија, притоа изразувајќи им поддршка на новинарите и вработените во ТВ Скај. Лидерот на опозициската Нова демократија, Мицотакис ја посети зградата на телевизијата и радиото Скај и го оцени нападот како терористички. Тој побара од државата и од полицијата да ги најде сторителите.

Читайте на сайте